Мицкоски: Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, сè уште не е за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во овој момент водата во Гостивар е само за техничка употреба и дека така ќе остане одреден период. Мицкоски посочи дека во водата нема колифорни бактерии, но дека се појавиле други бактерии како последица на хиперхлорирањето.

„Зошто? Затоа што сега во инсталацијата нема фекални колифорни бактерии, но се појавила нова бактерија која е присутна во инсталациите бидејќи тие не се користеле подолг период, а сега со нивното чистење и хиперхлорирање се појавува во системот. Очекувам и овој предизвик да биде надминат, а потоа очекувам водата да биде безбедна и за пиење и за готвење“, истакна Мицкоски.