Мицкоски за економските резултати на сегашната и претходната влада: Три спрема еден, таков е и односот на рејтинзите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зборувајќи за економските резултати, премиерот Мицкоски во изјава за медиумите истакна дека ако се спореди периодот на претходната влада СДСМ-ДУИ со периодот на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, за три пати пократок период бруто домашниот производ пораснал за 120 милиони евра повеќе.

„Значи, за 120 милиони евра повеќе бруто домашниот производ за овие две години е поголем отколку за претходните шест од претходната влада. При тоа, јавниот долг е зголемен за нешто помалку од три пати, за нешто помалку од три пати зголемен јавен долг. За три пати пократок период имаме зголемен бруто домашен производ. Со други зборови, три спрема еден“, нагласи Мицкоски.

Според него, отприлика таков е и односот на рејтинзите на политичките партии. Тој сепак додаде дека тоа не е доволно и дека треба уште да се работи.