Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новото законско решение за правична застапеност е целосно усогласено со Уставот и ги добило сите позитивни препораки од Венецијанската комисија.
Тој посочи дека со подзаконските акти ќе се утврди механизмот за негово спроведување, а Владата ќе формира тело што ќе ја следи примената.
Во однос на критиките за укинувањето на балансерот, Мицкоски рече дека тие се политички мотивирани, нагласувајќи дека токму партиите кои денес се во опозиција претходно оцениле дека балансерот ја надминал својата улога и треба да биде заменет со нов модел за правична застапеност.
