Мизо: Компаниите од автомобилската индустрија допринесуваат со над 50% во извозот на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Виктор Мизо од Асоцијацијата на странски компании во вечерашното дебатно издание „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека компаниите од автомобилската индустрија допринесуваат со над 50% во извозот на државата.

„Ако се види што се случуваше во нашата економија пред кризата знаеме дека компаниите кои се од автомобилскиот сектор, тоа се странски компании кои се лоцирани кај нас допринесуваат, можеби повеќе и од 50% во извозот на државава. Иако тоа претежно беше ориентирано кон Германија, тоа не значи дека секогаш крајната потрошувачка или користење беше во Германија, но тоа беше локација преку која сето тоа производство премина кон другите европски локации“, посочува Мизо.

Тој смета дека не само што треба да ја поддржиме оваа индустрија бидејќи потенцијалите на оваа индустрија и што таа допринесува, не само во бројот на вработени во Македонија, туку и во додадената вредност и во идниот процес на заздравување на нашата економија.