Мизрахи разрешена – „Не сум го прекршила Уставот, виновна е Царовска“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По завршувањето на расправата за Законот за Јавно обвинителство, бидејќи нема двотретинско мнозинство, наместо на гласање, се премина на расправа за разрешување на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи. Причината е како што вели техничкиот премиер кршењето на Уставот и непочитувањето на договорот од Преспа.

„Заради повторувањето на истото непочитување на Уставот и законите, неизбежен е впечатокот дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и го показува историскиот договор од Преспа“, истакна Оливер Спасовски.

„Наместо да ме остават да им помогнам на болните и инвалидите, децата и на најранливите во ова општество, и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата, од само за нејзе познати причини, да ми биде препишан на мене“, посочи Рашела Мизрахи.

Во нејзина одбрана застанаа партиските колеги. Еден од нив беше и Антонио Милошоски. Порача дека техничката влада нема мандат за разрешување министри, туку да ги спроведе изборите.

„Вие сега овде на жена од метро и 65 сантиметри, жена која што има проблеми со тоа што беше напаѓана за антисеминитизам и за нејзиното потекло, жена која што е нова во политиката и која што се труди да им помогне на болни, на социјални случаи, на неа покажувате мускули. А Никола Димитров го чувате како заштитена бела мечка затоа што потпишува се што сакате и затоа што го фали претходниот премиер, и претходниот премиер пред него и сите“, додаде Антонио Милошоски.

Му реплицираше Костадинов обвинувајќи го за лажен патриотизам и злоупотреба на Евреите.

„Вие бевте доста актуелен во „бомбите“. Зборувате и за името. Колега Антонио добро можевме да слушнеме, еве да ве потсетиме, можеби сте заборавиле. Вие преговаравте за името и тоа преку телефон. Но, немавте храброст да им кажете на граѓаните дека тоа е проблем кој што мора да се реши за иднината на државата“, додаде Костадин Костадинов.

Министерката Мизрахи е разрешена со 62 гласа За, а 26 пратеници беа против, а барањето следуваше откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името Република Македонија. Првата поддршка ја доби од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој објави фотографија на социјалните мрежи, под која напиша, Дисиденти.Зошто? Затоа што ја сакаат мајка Македонија.