Младиот херој од Велес награден по повод Денот на македонската полиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, СВР Велес одлучи празникот да го одбележи со посебен и хуман гест, доделувајќи благодарница на 14-годишниот Илија Гигов од Велес.

Признанието му го врачи началникот на СВР Велес, Паласков Бране, како знак на благодарност и почит за неговата чесност, одговорност и добрина.

Младиот велешанец пред неколку дена, на пат кон училиште, пронашол банкарска книшка и 23 банкноти во вредност од по 2.000 денари. Наместо да ги задржи, Илија веднаш ги известил своите родители, по што случајот бил пријавен во полиција. Благодарение на неговата совесност, средствата брзо биле вратени на нивниот сопственик.

Со овој несекојдневен потег, Илија покажа дека вистинските вредности немаат возраст. Неговата постапка претставува светол пример за младите, но и потсетник за возрасните дека чесноста и добрината секогаш треба да бидат на прво место.