Младите лекари со месеци чекаат за платена пракса, доколку не се најде решение, ќе ја напуштат земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група млади лекари се пожалија дека не биле повикани на шестмесечна платена пракса која е задолжителна. Бараат итно решавање на проблемот, бидејќи во септември треба да започнат со специјализација. Тие сметаат дека ова е неправда и доколку не се слушнат нивните барања, велат дека ќе мораат да ја напуштат земјава.

Младите лекари освен институционална поддршка, бараат и поддршка од професорите и лекарите. Некои нивни колеги веќе почнаа со пракса, но другата група, не се знае кога бидејќи се дискриминирани како што велат тие.

Младите лекари додаваат дека направени се обиди од МЗ по средбата со министерот Илир Демири. Потоа до Министерство за финансии доставено е барање за решавање по итна постапка, но се уште немаат никаков одговор.