Пред два дена ДУИ извести дека ќе ги ограничи активностите и средбите со граѓани поради состојбата со коронавирусот. Но и покрај тоа, младите од ДУИ денеска се собраа на Плоштадот „Скендербег“ за да го промовираат онлајн предизвикот со хаштаг #ајденаваму.
На прашањето зошто Младинскиот форум не ги почитува повиците на партијата, портпаролот на интегративците со оправдување:
„Младите од ДУИ разбраа дека забележуваме победа и тешко е да се контролираат. Меѓутоа една од причините зошто овој собир не се одржа на затворен простор беа токму препораките на партијата за преземање мерки за спречување на ширење на вирусот. Затоа овој настан се одржа на отворено“, истакнува Бујар Османи.
Младите се пофалија со достигнувањата на партијата и рекоа дека ДУИ ќе направи за оние кои си заминале од земјава, да се вратат во нивната татковина.
„Доближувањето на животните стандарди на нашата земја со оние на развиените земји се предуслов за ние, младите, да ја пронајдеме нашата иднина во нашата земја, а ќе овозможи и за враќање на граѓаните кои привремено живеат во странство“, вели Шќипе Шаќири.
„Поздрав од најдобрата младина на светот, сите ние сме ДУИ, ајде наваму!“
