Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи тоа е единствен начин за заштита од вирусот.
Ахмети на својот официјален фејсбук профил напиша дека тој со семејството уште во мај се вакцинирале против ковид-19.
„Секојдневно слушаме жални вести дека некој ја загубил битката со вирусот. Синоќа близок член на моето семејство почина од компликации на коронавирусот. Починаа и други мои блиски луѓе, меѓу кои и пријател и неговата 33-годишната ќерка. Затоа апелирам на масовна вакцинација и почитување на мерките за заштита од вирусот, носење маска и одржување дистанца“, напиша Ахмети на Фејсбук.
