Николоски: Дијаспората сега има директна линија Женева-Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, синоќа за време на партиски настан во Ново Село изјави дека, на барање на дијаспората, е отворена директна авио линија Женева-Скопје.

Николоски учествуваше на состанок организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, каде што се сретна со претставници на дијаспората од Македонија, како и со членови и симпатизери на партијата.

„На барање на дијаспората, отворивме директна линија Женева-Скопје. Ова е лет кој е широко користен од дијаспората и им овозможува почесто и полесно да се враќаат во Македонија“, напиша Николоски на Фејсбук.