Пластични шишиња, гуми, гранки и друг отпад во близина на гробиштата во Бутел.
Иако местото е предвидено за паркинг, поради отпадот е претворено во депонија.
-Се наоѓаме спроти гробиштата во Бутел и како што гледате и самите на овој дел е фрлен различен отпад, лименки, пластични шишиња, гума и многу други предмети.
Прашавме во Комунална Хигиена-Скопје зошто не е исчистен овој дел и дали ќе преземат мерки, но од таму ни рекоа дека одговор ќе ни дадат во текот на утрешниот ден.
За овој отпад имаше реакции и на социјалните мрежи, меѓу кои и реакција од Јани Макрадули, екс заменик министер за животна средина, кој испрати порака “новите поддржувачи на Данела, освен со политика можат да помогнат и со работна акција“.
