Многу студено – температури и до -13 степени, ќе дува и засилен ветер од северен правец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.