Околу 30 отсто од Британците сè уште веруваат дека Брегзит е добра работа, покажува анкетата објавена денеска, пет години по официјалното излегување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), додека мнозинството од испитаниците, 55 отсто од нив, гласале за враќање во Унијата.
На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за Брегзит.
На 31 јануари 2020 година, по долгогодишни тешки преговори, Велика Британија стана првата земја што ја напушти ЕУ.
Сепак, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците велат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит, според анкетата на ЈуГов од 2.225 испитаници.
Ова е најниското ниво на поддршка за напуштање на ЕУ досега забележано.
Мнозинството Британци, 55 отсто од нив, поддржуваат враќање во ЕУ, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит на референдумот. Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно го поддржуваат враќањето во ЕУ“.
