МНР на Бугарија бара потпишување на неусогласените протоколи, каков чекор ќе преземеме? Одговара Османи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бугарија е подготвена да го потпише Протколот според член 12 од Договорот за Добрососедство со Македонија и со тоа да ја одобри првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со Европската Унија, веднаш откако македонските власти ќе го потпишат билатералниот протокол.

Ова соопштение на МНР доаѓа откако бугарското Собрание го изгласа предлогот за прифаќање на францускиот предлог со дополнение од четири нови услови и дадоа овластување на Владата во Софија да го крене ветото за усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија а со тоа и Албанија.

Но, какви чекори ќе преземе Македонија?

На ова прашање во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој истакна дека пакетот предвидува три документи – преговарачка рамка, заклучоци на Советот на ЕУ и протокол.

Според него, додека не се договорат сите прашања, позицијата на Македонија е дека нема договор за ништо.

Во продолжение целата изјава: