На ТВ21 се одржа првата дебата за вториот круг од претседателските избори меѓу двајца кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата Македонија повторно твоја, Силјановска-Давкова, условувањето на албанските коалиции со уставни измени за формирање влада го смета за беспредметно. Таа вели дека некој за кој, според неа, се знае дека не е победник, не може да издава услови.
Во оваа прилика возврати кандидатот на СДСМ од коалицијата „За европска иднина“, Пендаровски, порачувајќи и на Силјановска дека истото го прави и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги условува албанските партии да ја поддржат Силјановска, за потоа заеднички да ја формираат владата.
Вториот круг од претседателските и парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.
