МНР на Бугарија врачи протестна нота до Македонија за отстранувањето на знамето во Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи на Бугарија врачи протестна нота до привремениот шеф на амбасадата на Северна Македонија во Софија, во врска со сквернавењето на бугарските национални симболи во Битола.

За време на разговорот меѓу директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа на МНР Вања Андреева-Малакова и привремениот шеф на амбасадата Владимир Крстевски, беше кажано дека на 28. август 2021 година бугарската страна констатираше оштетување на јарболот и отстранување на знамето на Република Бугарија, поставено веднаш до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при бугарскиот генерален конзулат во Битола. За инцидентот била изразена длабока огорченост.

Било потенцирано дека секое дејствува, изразување омраза против друга држава е во спротивност со основните врендости на модерните демократски оштества и го попречува воспоставувањето на добрососедски односи.

Беше земена во предвид и јавната осуда на МНР на Северна Македонија во која беше осуден вандалскиот чин и превеземена истрага за сторителите на делото.

За време на средбата била изразена и загриженоста од бугарска страна на честите напади на агресија предизвикани од омраза кон Бугарија вклучително и кон граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско потекло, или оние кои престојуваат во земјата, јавуваа МНР на Бугарија.