МНР прогласи руски дипломат за персона-нон-грата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руски дипломат е прогласен за персона нон грата и за неколку дена тој треба да ја напушти Македонија, информира Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

„Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија“, велат од МНР.

Од таму се додава дека во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што му била врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.