МНР: Реакција на појавени навредливи пораки во јавноста кон нашите соседи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го осудува секој говор на омраза, без исклучок, посебно кога неодговорните и непромислени изјави, пораки и квалификации се упатуваат на блиски и соседни држави.

„Северна Македонија се залага за интензивирање и продлабочување на добрососедските односи, и се надева дека вакви изолирани и крајно несоодветни изјави нема да наидат на било какво разбирање кај нашите граѓани“, стои во соопштението на МНР.