МНР со реакција по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи денеска испрати реакција по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија.

„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме.

Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“, се вели во реакцијата на МНР.