Мобилниот телефон од шоферот предаден на вештачење, ќе се проверува дали бил користел во моментот на несреќата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мобилниот телефон на Мане Трифуновски кој беше возачо на автобусот кој пред два дена изгуби контрола и излета од патот при што во смрт однесе 14 лица е предаден во Обвинителството каде ќе се проверува дали бил користен за време на несреќата.

Обвинителството преку листинзи од мобилниот оператор ќе ги проверува повиците и користењето на мобилниот интернет.

Првичните информации од досегашната истрага се од тахографот вграден во автобусот, дека пред да излета од автопатот возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час. Машински инженери ќе проверат дали уредот за мерење брзина била исправен пред да се случи несреќата.

Трифуновски беше на разговор во полицијата, а анализите од крв и урина покажаа нема присуство на алкохол и дрога.

Преку распит на преживеаните патници ќе се испитува дали разговарал со некого во автобусот или нешто друго му го одвлекло вниманието.