Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека во земјата моделот за еколошките давачки е време да се дизајнира и да се донесе.
„Без разлика на власт и опозиција, тука и бизнис заедницата имаше консензус дали тоа ќе помине во Собрание, но тука дилемата и дискусијата беше во смисла на тоа дали овие средства навистина ќе се инвестираат за такви проекти, што е и исправно за дискусија“, вели Бесими.
На прашање од модераторот за тоа дека опозицијата обвинува дека не се работи за еколошка такса, туку за кризен данок, министерот вели дека по дефиниција кризниот данок се носи за транзитен период.
„Доколку има една година кризен данок, се носи за таа година или година после таа. Тоа е такса што се става на сите трансакции во земјата. Ние сме имале во 2001 година таков данок кој беше воведен за сите трансакции во земјата, и тоа е општо за се што се случува во економијата се плаќа одредена провизија“, додава Бесими.
Тој вели дека оваа е таргетирана и е наменета само за дериватите.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Бесими: Очекувам конструктивна и суштинска дебата од опозицијата за ребалансот на Буџетот
- Бесими: Оваа година враќаме 500 милиони евра обврзница
- Бесими: Воведуваме развојна и зелена обврзница, овие средства ќе се користат исклучиво за капитални инвестиции и зелен развој
