Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека со фискалната стратегија се планираат и нови инструменти за финансирање, а тоа се развојнаната и зелената обврзница.
„Разликата од досегашниот период овие обврзници ќе значат дека тие средства ќе се користат исклучиво за капитални инвестиции, а зелената обврзница исклучиво за проекти кои значат поддршка на зелен развој односно зелената агенда“, посочи Бесими.
Тој додава дека во буџетот со ребалансот се предвидува и нова програма за зелен развој на ниво на Владата каде што ќе има и дополнителни мерки.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Бесими: Очекувам конструктивна и суштинска дебата од опозицијата за ребалансот на Буџетот
- Бесими: Оваа година враќаме 500 милиони евра обврзница
