Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ во 81. минута го напушти полуфиналниот натпревар на Светското првенство во кој Аргентина ја победи Хрватска со 3:0 и во финалето ќе игра против подобриот од мечот Франција – Мароко. Во својата изјава по натпреварот тој се одрази на натпреварот, но и на аргентинските навивачи кои му аплаудираа.
„Ако навивачите на Аргентина навистина ми аплаудираа, можам само да им се заблагодарам, направија неверојатна атмосфера во текот на целиот натпревар. Меси игра неверојатен турнир и ја покажува сета своја големина“, изјави Модриќ по тешкиот пораз, пренесува аргентинскиот Лос Андес и понатаму ја цитира изјавата на Модриќ:
“Се надевам дека Меси ќе го освои Светското првенство. Тој е најдобриот играч во историјата и заслужува таков успех. Аргентина заслужено победи денеска, без оглед на спорните одлуки кои ги донесе судијата Орсато”.
