Момче 10 часа било на распит – Обвинителство: Нема поврзаност меѓу уапсениот и дојавите за бомби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата синоќа го зела на распит Никола Николовски осомничен за лажните мејлови за поставени бомби во средни училишта во Скопје, но подоцна момчето било ослободено.

„Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Од Обвинителството со став дека нема никаква поврзаност меѓу уапсениот и алармите за бомби во средните училишта.

„Во текот на минатата ноќ со инструкции од јавен обвинител извршени се сите неопходни дејствија со цел да не се држи дополнително лицето. Имајќи превид дека првичните вештачења не покажале поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по распитот било пуштено на слобода“, порачаа од Обвинителство. 

Осомничениот од полицијата бил член и активист на Платформата “conservative.mk” од каде го критикуваа МВР за неправедно апсење.

„Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица“, велат од платформата.

Реакции пристигнаа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј потпретседател Тимчо Муцунски рече дека “Македонија целосно го изгубила компасот“.

„Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести“, додава Тимчо Муцунски.

Од Движење Беса бараат од Град Скопје и МОН да бидат посериозни во својата работа во врска со последните дојави за бомби во училиштата.

„Освен ширењето страв и нарушување на наставниот процес, овој феномен докажува дека МОН и Град Скопје не преземаат конкретни чекори за подигање на нивото на безбедност во училиштата“, вели Филиз Ндоци.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред неколку дена изјави дека мејловите се испратени од надвор и дека имаат сериозни индиции за тоа како се одвива целиот процес и на тој дел се работи со максимална посветеност.