Момчето со потекло од Македонија се изјасни како виновен за обидот да изврши терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска почна судењето против Беран А., австрискиот државјанин со потекло од Македонија кој планирал напад на еден од концертите на суперѕвездата Тејлор Свифт во Виена во 2024 година.

„Куриер“ и „Кронен цајтунг“ објавија дека тој се изјаснил за виновен по обвиненијата поврзани со заговорот за концертот.

Заговорот беше откриен, но австриските власти сепак ги откажаа трите планирани настапи на Свифт во август 2024 година.

Обвинетиот се соочуваше со обвиненија, меѓу кои и терористички дела и членство во терористичка организација, а неговиот адвокат претходно изјави дека планира да се изјасни за виновен по повеќето од обвиненијата.