МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Министерството за образование и наука со демант за веста која се шири дека наводно ќе имало содржини за сексуално образование во учебници за второ одделение.

„Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование.

Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем.

Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.“, велат од МОН.