Монова: Не цела Бугарија е на став дека не постои македонски јазик, национализмот ја држи власта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Миладина Монова, истражувачот од бугарската академија на науки е гостинка вечерва во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“. Со неа заедно е и Љупчо Ристовски, професор на УКИМ и член на мешовитата Комисија.

Монова вели дека во Бугарија не се сите со став дека не постои македонски јазик, и дека во моментов доминира национализмот, како и некои ставови кои биле заборавени во последните години.

„Во Бугарската академија на науки има секакви луѓе и секакви истаржувачи со различни ставови. Секој интелектуалец, историчар, социолог си го брани неговиот став. Не би рекла дека постои институција да има еден став. Тоа го прават политичарите“, вели Монова и додава:


„Во моментов доминантен е национализмот, и последните години се враќаат ставовите кои со години беа заборавени. Доминира моментално национализмот и изгледа само тоа е како алатка за држење на власта.“, рече Монова.