„Монструм“ во сенка на „бегството“ на Мијалков – Села: Не може да се гледа поинаку, освен како спин и театар на власта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Случајност или не, бегството на Сашо Мијалков медиумски ја фрли во сенка пресудата на судот за случајот Монструм, каде 3 обвинети беа осудени на доживотен затвор, еден на 15 години и уште еден на 9 години.

До овој заклучок дојде агенцијата Пикаса, откако на 23 февруари мониторираше 400 различни медиуми во Северна Македонија, во кои се објавени над 9500 различни вести.

Бегството доминираше како во производството на вестите така и во реакциите кои беа предизвикани на социјалните мрежи. Бегството предизвика дури 72% реакции и коментари на мрежите, а случајот Монструм остана со само 13%.

Ова беше тема на дебатата во Клик Плус, каде беше поканет Зијадин Села,лидер на опозициската АА. Од анализата што ја виде, Села рече дека нема како да се види поинаку, освен како спин и театар на Владата и Мијалков.

„И злобата уште повеќе се продлабочува бидејќи во моментот во прашање се човечки судбини и семејни судбини и се изрекуваат казни за кои јавноста се интересираше, да се направат вакви договори со експонент кој е главен во монтирањето на овој политички процес Монструм“, истакна Зијадин Села.

Најголем впечаток остава медиумската покриеност во македонските и албански медиуми, рече новинарот и издавач Лирим Дулови. Направениот мониторинг јасно покажува дека медиумите на албански јазик најмногу го покривале случајот Монструм, додека македонските, бегството на Мијалков.

„Се остава впечаток дека албанските медиуми му придале поголема важност на случајот Монструм кој влијае на реалноста во оваа држава, етничката поларизација на населението и тоа не е ништо ново“, вели Лирим Дулови.

Бегството на Мијалков според мислењето на Бесим Хода, докажува уште подобро дека оваа држава воопшто не постои.

„За жал ние Албанците во Македонија, во 30 години патриотизмот го покажувавме реагирајќи а не со акција- реакција и за жал се уште остануваме во прво одделение занимавајќи се со скандали за кои времето покажува постојано дека не се важни, туку се само добивање на време“, порача Бесим Хода.

Мониторингот на Пикаса покажува дека на 23 февруари, во 136 различни медиуми за бегството на Мијалков се објавени речиси 2 илјади вести, или поинаку речено, 15 вести за еден медиум.