Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и З.Х. (37) од село Вешале, сопственик и управител на субјектот, поради сомнение за сторено кривично дело „даночна евазија“.
„При извршениот увид врз правното лице, во присуство на второпријавениот, констатирано е дека се извршувала дејноста изнајмување на АТВ-моторизирани теренски возила, без претходни договори за изнајмување со клиенти“, известува СВР Тетово.
