Можни прекини во платежните трансакции: Банките со технички приспособувања во викендот

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Банките во земјава претстојниот викенд ќе вршат планирани технички приспособувања на своите системи, поради воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет, кои стапуваат во сила од понеделник, 9 ноември.

Од Македонската банкарска асоцијација предупредуваат дека во овој период се можни привремени прекини или ограничувања во користењето на одредени услуги, особено при платежните трансакции. Промените опфаќаат нови платни налози, шифри за целта на плаќањето и примена на сметки во ИБАН-формат.

Граѓаните и компаниите се повикуваат навреме да ги планираат плаќањата и да ги следат известувањата од своите банки. Од Асоцијацијата појаснуваат дека постојните броеви на платежните сметки остануваат непроменети.