Можно ли е Таравари да соработува со Касами и Изет Меџити? – Села: Не верувам, но во политиката се е можно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратеникот и член на Алијанса за Албанците, Зиадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори на шпекулациите дека лидерите на Демократско движење и Беса, Изет Меџити и Биљал Касами, кои се дел од албанската опозиција имаат за цел да го привлечат лидерот на АА, Арбен Таравари и заедно да настапат на парламентарните избори, со цел пораз на ДУИ.

Тој вели дека со Таравари имаат одлична соработка.

„Во политиката се е возможно, но тоа би значело предавство. И Алијаннса за Албанците треба да биде многу внимателна какви одлуки ќе донесе.
За нас е важно државата да остане на европскиот пат“, додава Села.