За време на цела пандемија работеле непрекинато, со непосреден контакт со социјално ранливите категории на граѓани, но како административни работници во Центарот за социјални грижи не им следува регрес кој го добиваат нивните колеги кои се дел од МТСП. Немаат добиено ниту бонуси, како останатите останатите административци во кои добија во септември, а ниту К15 години наназад
„Претседател на Синдикатот на Центарот за социјална работа со УПОЗ разговаравме дека тоа е едно од барањата, дека и ние како Центар за социјални работни како останатите административни работници да добиваме регрес за годишен одмор и ќе се бориме за тоа право“, посочи Габриела Јаневска Гиовска.
Синдикатот го контактрал и МТСП за овој и други проблеми на Центрите за социјални работи, но до сега немаат добиено одговор, на писмените барања.
„За жал од преговорите кои ги водевме тогаш како Синдикат, иако од наша страна беше барано да бидат вметнати вработените од Центрите за социјални работи во овој опфат на колективен договор што значеше дека и тие ќе добиваат регрес за годишен одмор, од страна на Владата и од страна на Министерството ни беше кажано дека вработените во Центрите не треба да бидат во тој договор, бидејќи за нив постои поединечен колективен договор“, вели Трпе Деаноски.
Одговор не добивме ниту ние, на прашањето како е можено едни административци да добиваат К-15, а други не вработени во истото министерство. Синдикатот бара нов колективен договор во кој ќе бидат опфатени и овие админитсративни работници. Доколку Владата одлучи да не добијат регрес сите врабитени во јавниот сектор најавуваат дека правдата ќе ја бараат по судски пат и ќе ги искористат сите со закон дадени можности за искажување на незадоволството.
