„Му пишав на Илон Маск, бев свесен дека нема да ми одговори, но сакав да го смирам вујко ми“, рече братучед на Вања на сведочењето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Кривичен суд продолжи сведочењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Сведочеше Иво Нешковиќ, син на Оли Нешковиќ, внук на Александар Ѓорчевски, и брадучед на Вања.

Тој рече дека комуницирал со Александар кој од него побарал да му пише на Илон Маск, кој со неговите сателити би можел да открие нешто.

„Александар побара да му пишам на Илон Маск, кој има над 4000 сателити на земјата, кои се користат само за комуникација, а не снимаат. Барањето беше нереално, не ни очекував дека Маск ќе ми врати. Но, за да го смирам мојот вујко му пишав на Маск на Икс, и неколку пати му ги покажав пораките на вујко ми. Тој беше во агонија, не можам да ви објаснам во каква состојба бев. Свесен бев дека нема да ми одговори. Вања сакаше вселенско истражување, и имаше фотографија со маичка на НАСА, а Александар ми кажа да му ја пратам фотографијата на Маск, за да види, па можеби ќе се реши да ја бара“, рече Иво кој прашан дали се познава со Палчо, одговори со „не“.