Вучевиќ: Ќе има уште оставки, за мојата одговорност нека се расправа во Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вучевиќ рече дека опозицијата има право да бара импичмент на владата по несреќата во Нови Сад, но дека „мора да бидат свесни дека состојбата на настрешницата на железничката станица не е политичко, туку професионално прашање“.

Вучевиќ во утринската програма на ТВ Пинк изјави дека е сигурен дека повеќе министри ќе поднесат оставки, но дека е важно да се направи разлика помеѓу политичка и кривична одговорност.

Тој смета дека мора да се донесе рационална одлука за оставки и дека таквите одлуки не се носат под притисок на јавноста и социјалните мрежи.

„Тоа е сосема природен процес по се што ни се случи на 1 ноември, ќе има уште оставки. Но, политичката одговорност нема врска со кривичната одговорност. Утврдувањето на кривичната одговорност е на Обвинителството кое си ја врши работата“, додаде Вучевиќ.

„Не се оправдувам, но не знам во каква состојба беа тие кабли и не би можел да го знам тоа, а тоа не е тема и работа за политичарите, туку за професијата, а мојата одговорност сепак ќе се разговара“, заклучи Вучевиќ.