Муамед Сејдини излезе од притвор со банкарска гаранција од 1 милион евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини после 100 дена, излезе од притвор, откако депонирал банкарска гаранција во вредност од 1 милион евра.

Сејдини се сомничи за проневера на повеќе од 700.000 евра поврзани со изградбата на трибината на стадионот во Охрид, и за милионски злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија.

Сејдини беше претседател на ФФМ од 2019 до 2025 година, а на негово место дојде Масар Омерагиќ.