Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи:
• Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот;
• Испраќање фотографии од местото на настанот;
• Испраќање видеа од местото на настанот;
• Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации.
