Мурињо одговори на шпекулациите дека ќе се врати во Реал: „Мојата цел е…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, Реал Мадрид е во потрага по нов тренер. Алваро Арбелоа моментално ја води екипата, но откако беше елиминиран од ЛШ, ја загуби титулата во Шпанија и во Купот, јасно е дека тој нема да продолжи на клупата на „кралевите“.

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е најспоменуваниот кандидат за „кам-бек“ на „Сантијаго Бернабеу“, а сегашниот тренер на Бенфика одговори на прозивките дека ќе седне повторно на клупата на Реал.

„Ако победиме во последните три натпревари, ќе се пласираме во Лигата на шампионите. Тоа е мојата цел, и само за тоа размислувам во моментов“, изјави Мурињо.

Мурињо во минатото беше во Реал Мадрид, а беше и во Челси, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Интер, Порто, Фенербахче.