Муртезани оптимист за Уставните измени – „сѐ уште сме во рамките на 6-месечниот рок“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, вели дека како ВРЕДИ се уште се во рамките на дадениот рок од 6 месеци за уставните измени. Според него посетата на фон дер Лајен даде надеж за потенцијално решение.

„Мислиме дека се уште сме во тој рок од шест месеци, затоа додека не помине рокот не гледаме причина за дополнителен коментар. Како што знаете, по посетата на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен, има поистакната надеж за потенцијално решение и тоа што ние сега треба да го направиме е да не зборуваме туку да работиме на решението“, вели Орхан Муртезани.

Муртезани исто како Премиерот рече дека со уставните измени треба да се гарантира дека процесот на блокади ќе заврши.

„Не само во јавните но и приватните изјави, вклучувајќи го и извештајот за напредок, уставните измени фигурираат јасно, Владата на РСМ не ја констатира потребата за донесување на Уставни измени, дури имаме двојно мнозинство во Парламент и постапката може веднаш да почне поради тоа што како држава имаме лошо искуство со блокадите. Треба да бидеме сигурни дека уставните измени нема да го отвараат само процесот на разговорите, туку ќе го завршат. Во моментот кога ние ќе имаме некаво решение кое гарантира дека Северна Македонија ќе го заврши процесот на разговорите, уставните измени можат да почнат веднаш“, додава Орхан Муртезани.

Прашан од кого конкретно чекаат гаранција, Муртезани одговори:

„Сега сме во разговори со стратешки партнери и ЕК. Наскоро ќе почне диалогот и со Бугарија, се надеваме дека ќе имаме стабилна политичка влада и со сето ова ќе сигнеме до потенцијално решение“, вели Орхан Муртезани.

Муртезани овие коментари ги даде при посетата на општина Тетово, каде заедно со градоначалникот Биљал Касами изјавија дека Министерството за европски прашања ќе се ангажра општините да добијат повеќе средства од проектите на ИПА фондовите.