Џамијата на „Мусафа-паша“ спротив Скопското кале и понатаму останува највреден бисер на чаршијата, привлекувајќи илјадници посетители годишно.
Но каков впечаток им остава на туристите кои ја посетуваат?
„Јас сум од Германија. Никогаш порано не сум влегол во Џамија. Ова е прв пат. Многу е интересно, нешто ново. Сметам дека е важно да ги разгледаш разните култури. Ова е причината поради која дојдовме внатре џамијата. Многу е убава, мило ми е што сум тука.“
„Убаво е, старо. Ми се допаѓа. Плавите отомански, арапски цртежи“.
„За мене е апсолутно нормално да го ставам ова бидејќи се почитува исламската култура. Ова култура ми е пасија. Чувството во текот на молитвата, имам добри чувства за релаксирање.“
Имамот на џамијата, Абдусамед Зеќири, раскажува дека секој ден околу 200 туристи. За да влез во џамијата има код на облекување и за мажи и за жени.
„За еден ден можеме слободно да кажеме дека од 100 до 200 туристи доаѓаат и ја посетуваат џамијата Мустаф -паша. Во џамијата може да влезе и да ја посети секој, без разлика на нивната раса, вера или убедување, освен за немуслимани, за нив има кодекс на облекување, кој го бараме и овозможуваме. Од шамија за жени за покривање на главата и телото. Дури и мажите нормално ако е летно време, со нешто пократко, бараме и од нив да имаат етички кодекс“, вели Зеќири.
Џамијата е еден од најстарите споменици во главниот град, изградена во 1492 година од генералот Мустафа Паша. Но, кој беше тој?
„Има сензационална историја и датира од 1492 година, изградена од високиот генерал на османлиската војска Мустафа Паша, кој како војник од висок ранг бил во скопскиот вилает. Специфичен факт е дека Мустафа Паша го изградил и Аквадуктот во Скопје, односно аквадуктот од кој ја носел водата и до џамијата на Мустафа паша“, рече Зеќири.
До џамијата се наоѓа гробот на Мустафа Паша и неговата ќерка Умихане, која почина на 21-годишна возраст.
