Муцунски и Османи ја продолжуваат полемиката за протоколите со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полемиката меѓу актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот претходник Бујар Османи продолжува по изјавите за тоа дали протоколите со Бугарија се дел од Преговарачката рамка со ЕУ.

Откако Муцунски изјави дека, според неговото толкување како министер и правник, протоколите не се дел од Преговарачката рамка, Османи на Фејсбук потсети дека истото го тврдел и тој додека беше шеф на дипломатијата.

Муцунски денеска возврати дека Османи е „последниот човек кој има право да држи лекции“ за преговарачкиот процес, обвинувајќи го за спинови и додавајќи дека Владата останува доследна во заштитата на македонските национални интереси. Во објавата тој упати и лични политички критики кон Османи, повикувајќи го да преземе политичка одговорност по изборниот пораз.

Прашањето дали бугарските протоколи се дел од Преговарачката рамка и понатаму останува една од главните точки на политички спор меѓу власта и опозицијата.