Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска истакна дека ниту еден македонски граѓанин кој се наоѓа на територијата на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Тој нагласи дека, и покрај тоа што Македонија нема резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во Иран, сите државни ресурси се подготвени доколку се појави потреба од евакуација.
Муцунски потсети дека МНР НТ упати апел граѓаните да не патуваат во Иран поради влошената безбедносна состојба и дека се обезбедени контакт телефони преку Министерството и Амбасадата во Анкара за навремена асистенција.
