Муцунски по победата над Казахстан: Со срце, со глас и со гордост – поддршка за Фудбалска Репрезентација на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска од трибините ги бодреше македонските фудбалери на натпреварот со Казахстан.

По победата, тој се огласи на социјалните мрежи со поддршка за македонската репрезентација.

„Со срце, со глас и со гордост – поддршка за Фудбалска Репрезентација на Македонија од трибините на „Астана Арена“! Црвено-жолтите се нашиот тим. Денеска сите знаеме за кого се пее, за кого се радуваме! Го бодриме секој пас, секој шут, секоја победа – правец Светско 2026!“, напиша Муцунски.