Муцунски се сретна со американската в.д. амбасадорка во Скопје – САД и Северна Македонија го зајакнуваат стратешкото партнерство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнес.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, изградено врз меѓусебна доверба и заеднички интереси.

Муцунски упати честитки по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи го значењето на американската демократија и нејзините темелни вредности.

На средбата се разговараше и за подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, како и за спроведувањето на заклучоците од претходниот самит во Хаг и приоритетите на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји.