МВР донесе Кодекс за облекување: Граѓаните да се погрижат за нивниот изглед при подигнување на лични документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, ја информира јавноста дека воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.

Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.

Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.