МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки за сообраќајни прекршоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР предупредува на нови фишинг напади преку лажни СМС пораки и електронски пораки, наводно испратени од системот „Безбеден град“. Во пораките има лажен линк преку кој граѓаните се упатуваат да платат наводна казна за сообраќаен прекршок. Од МВР апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не внесуваат броеви на картички, лозинки и други лични податоци.

Вистинските СМС известувања за прекршок треба да бидат испратени од „MVR-SC“ и да ја содржат регистарската ознака на возилото. МВР препорачува користење двофакторска автентикација и пријавување на сомнителните пораки до надлежните институции или банките. Секторот за компјутерски криминал продолжува со истраги за откривање и санкционирање на сторителите на овие измами.