Со реакција попладнево и од Министерството за внатрешни работи откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ испрати обвинувања на нивна адреса. Тие велат дека со денешното соопштение од страна на ВМРО-ДПМНЕ покажан е класичен политички дилетентизам и незнаење.
„Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор. Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите. А.И. не му избегал на МВР, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага. МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има!“, се вели во испратеното соопштение од МВР.
