Не треба да се отпишуваат од училиштата оние ученици кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, информираше Министерството за внатрешни работи.
„Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар.
Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) Министерството за внатрешни работи склучува договор за школување, а со истиот понатаму се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учеле прва и втора година“, стои во информацијата од МВР.
