МВР: Во изминатиов период запленети над 147.000 пиротехнички средства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во  изминатиов период презеде зајакнати   репресивни  мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства, но и неов властената трговија со нив, при што запленети  се над 147.000 пиротехнички средства.

За неовластена употреба на пиротехнички средства предвидена е глоба во износ од 200 до 500 евра, согласно член 31 од Законот за прекршоци против  јавниот ред и мир, додека според член 396 од Кривичниот законик за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, скедува казна затвор од три до десет години.