МВР за Синичане: Полицијата е таму за одржување на јавниот ред и мир, а дали и каде треба да се гради водовод, се надлежни други институции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи се огласи по повод протестите за водоводната мрежа во селото Синичане. Мештаните вчера во изјава на ТВ21 се жалеа дека полицијата не дозволува да се гради водовод во селото, на што реагираа и од Министерството.

„МВР ја известува јавноста дека по добиени сознанија околку активностите за изградба на водоснабтителен систем за село Синичане, прибавени се податоци и од ОЈО Тетово, и поднесено е известување за сторено кривично дело „бесправно градење“. Присуството на полициски службеници на местото каде што се почнати работни активности, е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир.

Ние како институција што е задолжена за одржување на јавниот ред и мир имаме оперативни сознанија и неколку конкретни пријави од локални жители за опасност од сериозно нарушување на јавниот ред и мир, и поради тоа на тоа место има полициски службеници. Со цел да се избегне било какво нарушување на јавниот ред и мир, а околу тоа дали и каде треба да се гради водовод, ние немаме апсолутни никакви ингеренции и за тоа се надлежни други институции“, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.