Министерството за внатрешни работи се огласи по повод инцидентот вчера кога настана свлечиште на место на кое треба да се прави зграда, во Општина Центар. Од таму велат дека се извршени службени разговори со две лица од правното лице, како и со возачот на багерот.
„На 25.05.2026 околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М.. Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен е службен разговор со В.К. и А.Х., од правното лице- инвеститор на објектот, како и со А.М., кој го управувал багерот и се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.
